Ѕвездата на лондонски Арсенал, Алексис Санчез се наоѓа на излезна врата од клубот.
Иако Чилеанецот има активен договор со „Топчиите“ до следната година, извесно е дека тој во овој преоден рок ќе замине од клубот.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Арсенал се обиде да договори останување со 29-годишниот напаѓач, но тој состанок не помина најдобро, со оглед на тоа дека Алексис на маса побарал навистина неверојатна сума.
Тој тражи плата од неверојатни 400.000 фунти неделни и своето барање јасно го постави пред раководството на тимот од „Емирати“, додека Арсенал пак, е подготвен да му понуди 275.000 фунти.
Ваквиот став на чилеанскиот интернационалец наговестува заминување од клубот, а како негова нова дестинација се споменува минхенски Баерн. Сепак, тешко е дека во Германија ќе ги добие тие пари, со оглед на тоа дека такво нешто можат да си дозволат само екипите од Кина, или пак, екипи како што се Манчестер Сити и ПСЖ.