Екипата на Барселона славеше убедлива победа во рамките од десеттото коло од Ла Лига со 5:1 и така остана на лидерското место.
По овој натпревар тренерот Ханси Флик откри дека има посебен ритуал кога неговиот тим изведува пенал.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Имено, Флик истакна дека никогаш не гледа и така е веќе со години наназад, не само сега во Барселона.
„Не гледам никогаш кога мојот тим изведува пенал. Еднаш не гледав и постигнавме гол, па тоа ми стана навика која ја практикувам“, призна Флик.
Во среда Барселона ќе игра дерби во Лигата на шампионите, додека дома ќе се соочи со Баерн Минхен.