Дома Фудбал Италија Судот одлучи: Помилување за првиот човек на „Старата дама“ ќе страдаат навивачите!

Судот одлучи: Помилување за првиот човек на „Старата дама“ ќе страдаат навивачите!

Апелациониот суд на Фудбалскиот сојуз на Италија ја укина денес едногодишната суспензија на претседателот на Јувентус, Андреи Анјели поради продажба на карти на „ултра“ навивачите на црно-белите.

Анјели во септември беше суспендиран на една година од фудбалот поради продажбата на карти на навивачите, а „Старата дама“ мораше да плати казна и од 300.000 евра.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Апелациониот суд ја промени одлуката и наместо суспензија, го санкционираше Јувентус со еден натпревар играње пред затворени јужни трибини на својот стадион, трибина која им припаѓа на организираните навивачи, како и казна за претседателот на клубот од 100.000 евра.

Јувентус исто така е санкциониран со 600.000 евра казна, а јужната трибина ќе биде затворена за дуелот против Џенова на 22. јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Епска драма на „Олд Трафорд“ – девет голови и триумф на Јунајтед над Лион со голови во 120. и 121. минута (Видео)

Вечерва Манчестер јунајтед и Лион одиграа натпревар за аналите и фудбалската историја во р…