Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Судијата Марчињак покажа една фотографија и ги замолчи Французите кои го критикуваат

Судијата Марчињак покажа една фотографија и ги замолчи Французите кои го критикуваат

Симон Марчињак кој го судеше финалето на Светското првенство доби критики од Французите, поточно од „Л’Екип“ кој објаснуваше дека голот на Меси за 3:2 треба да биде поништен затоа што двајца Аргентинци од клупата влегле на теренот.

Марчињак за судењето доби и големи пофалби, меѓу оние кои го пофали беше и легендарниот Пјерлуиџи Колина. На обвинувањата на „Л’Eкип“ Марчињак одговори само со една фотографија.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„Французите многу зборуваат за тој момент, а не сакаат да ја објават оваа фотографија каде што може да се види како седум фудбалери на Франција се на теренот кога Мбапе постигнува гол“, изјави Марчињак покажувајќи ја фотографијата.

Истакна дека дури и Килијан Мбапе му признал дека добро си ја завршил работата.

„Големи судиски имиња и мои пријатели од Франција ми честитаа за судењето. Дури и Мбапе на сите ни кажа дека сме одлични судии и за него се беше одлично одработено“, изјави полскиот арбитар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Неверојатен натпревар во Мадрид: Реал доби два црвени картони, Селта победи за првпат од 2014 година (Видео)

Селта вечерва по повеќе од 10 години дојде до победа во Мадрид на стадионот Сантјаго Берна…