Дома Фудбал Италија Судиите од натпреварот Интер – Торино ќе бидат казнети

Судиите од натпреварот Интер – Торино ќе бидат казнети

Во натпреварот помеѓу Интер и Торино имаше контроверзна ситуација на стартот од натпреварот кога по стартот од Ранокија врз Белоти судиите не покажаа на белата точка.

ВАР-технологијата ја прегледа снимката, но судијата Маса не се реши да досуди пенал за Торино. Еден ден подоцна стигнаа првите информации за казните на двајцата судии, кои ги чека долго „ладење“, па не е познато кога ќе заиграат повторно.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Газета дело Спорт“ пишува дека судиите нема да бидат делегирани во следните три или четири кола.

Главниот делегат на судиската организација, Џанлука Роки реши да ги одмори неговите судии на одреден период за да разберат каква грешка направиле.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Феде Валверде објасни за испадот на гнев при замената

Федерико Валверде одигра многу силен натпревар во победата на Реал Мадрид против Реал Соси…