Тотенхем и Арсенал денес ремизираа во лондонското дерби (1:1).
Натпреварот кој донесе многу возбудувања и интересни ситуации на крајот заврши со поделба на бодовите, а незадоволни од исходот можат да бидат фудбалерите на Арсенал кои иимаа пенал во 91-та минута од натпреварот, но Обамејанг не реализираше.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Натпреварот од самиот почеток донесе голема борба за што зборува и ситуацијата од 13-тата минута кога Гранит Џака стартуваше над Хари Кејн кој што туку се опорави од повреда.
Џака со опасен старт од зад грб го сруши Кејн кој на крајот и добро помина што успеа да го продолжи натпреварот, а добро помина и играчот на Арсенал кој за овој старт не доби ниту жолт картон.
No Foul given for this?!
❕High
?Studs up
? Knee height
? From behind? #Xhaka should’ve seen Red for this! #NLD pic.twitter.com/J2KX7cQSOy
— #2ThePoint Podcast ?⚽️ (@2thePointPod) March 2, 2019
И ова не беше единствената грешка на судиите на овој натпревар, оваа средба изобилуваше и со погрешни одлуки на арбитрите.
Тотенхем до изедначување стигна со гол од пенал, но истиот тој пенал не требаше да биде досуден затоа што во ситуацијата кога Мустафи го направи имаше очигледен офсајд.
Потоа, споменавме и дека во финишот Обамејанг не реализираше најстрога казна. И оваа најстрога казна беше сомнителна одлука.
Penalty?
#Arsenal #Spurs #Aubameyang pic.twitter.com/YVHt5CqLLn
— fiper tv (@fipertv) March 2, 2019
На сето ова може да се додаде и дека пеналот на Обамејанг кој ако судиите се водеа според правилата требаше да биде повторен поради прераното влегување на Вертонген во казнетиот простор.
Поради сето ова јасно е дека на Премиер лигата ВАР и е непоходен.