Дома Фудбал Суарез: Чекаме кикс на Реал

Суарез: Чекаме кикс на Реал

Фудбалерот на Барселона Луис Суарез е свесен дека неговиот тим мора да победи на сите натпревари до крајот на првенството за да има шанса да ја освои титулата.

Суарез донесе победа на својот тим во натпреварот од 35. коло во Ла Лига против Еспањол. Каталонскиот гигант сега има бод помалку и натпревар повеќе од Реал Мадрид кој игра со Алавес.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


„Нашата цел е да победиме во наредните три натпревари. Мислиме на нашите натпревари и чекаме кикс на Реал. Ако тие изгубат бодови ќе се обидеме да ја искористиме приликата“, изјави Суарез.

Барселона до победата против градскиот ривал дојде потешко од очекуваното.

„Знаевме дека ќе биде тежок натпревар поради ситуацијата во која е Еспањол. Бевме и уморни од натпреварот во недела. Сепак, најважно е што освоивме нови три бода“, потенцираше Уругваецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФИФА објави нова листа: Познато на кое место Македонија ќе ја заврши годината

ФИФА денеска ја објави најновата ранг-листа на репрезентации, а македонската фудбалска сел…