Роналд Куман по доаѓањето во Барселона отпиша неколку играчи, а меѓу нив беше и Луис Суарез што за многумина беше изненадување.
Уругваецот ја напушти Барселона и игра фантастична сезона во која во овој момент со 14 гола е прв стрелец во Ла Лига, а Атлетико е на добар пат да стигне до титулата. Сега Суарез зборуваше за моментите кога одлучил да си замине.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Куман ме викна и ми кажа дека нема потреба од играч како мене. Го прифатив тоа, но му одговорив дека имам договор и дека ќе тренирам со тимот. Ми беше тешко да ја напуштам Барселона, меѓутоа почувствував дека клубот повеќе неме почитува како претходно“, изјаву Суарез.
Суарез во Барселона играше од 2014 до 2020 година и освои четири титули во Ла Лига, Лига на шампиони, четири Кралски купа, два Суперкупа на Шпанија, Суперкуп на Европа и Светско клупско првенство.