Tимот на Академија Пандев е првиот финалист во Купот на Македонија откатко попладнево во Ѓорче струмичани ја победија Македонија Ѓ.П со 1:3.
Гледавме еден интересен меч во кој имаше шанси, пенали, голови, црцени картони…„Пандевци“ го отворија натпреварот нешто подобро и поведоа со голот на Ферати во 14. минута. „Лавовите“ успеаа да изедначат после половина час игра преку Ајрулаху. Само неколку минути подоцна за старт над Ајрулаху Ферати доби втор жолт картон, па гостите останаа со играч помалку.
Викенд за уживање: Дерби до дерби секаде! ↓↓↓
Во 55. минута Академија доби пенал, а успешен реализатор беше Марјан Радески. Четири минути подоцна силите на теренот се израмнија затоа што Китановски беше исклучен, па двете кипи останаа со 10 играчи во поле.
До крајот преку уште еден пенал Радески го постигна вториот гол за конечни 1:3 и финале за струмичани.