Дома Македонски спорт Мак фудбал Струга со исто објаснување како Шкупи: Ќе се тестираме само во признаени институции

Струга со исто објаснување како Шкупи: Ќе се тестираме само во признаени институции

Денес во македонската фудбалска јавност многу се зборуваше за наводното одбивање на Струга Трим Лум и Шкупи да се тестираат.

Прво Шкупи демантираше и порача дека тие сакаат да се тестираат, но тоа да биде во клиничкиот центар „Мајка Тереза“, не во „Систина“. Со истото објаснување излегоа и од Струга.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Струга Трим Лум демантира дека не сака да направи тестови на Ковид-19. Нашиот клуб ги следи препораките на Фудбалската федерација на Македонија и на комисијата за заразни болести и како резултат на тоа ќе направи тестови само во државни институции, кои се признаени и прифатени како релевантни. Не треба беспотребно да се создава паника меѓу фудбалерите. Треба да бидеме внимателни, ама не и да создаваме паника“, објави Струга Трим Лум.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…