Дома Останати Тенис Стигна промената, Рафа број еден!

Стигна промената, Рафа број еден!

На најновата АТП ранг листа како и што беше најавено има промени во светскиот врв, а нов лидер е Шпанецот Рафаел Надал.

Шпанецот сега е прв со 7.645 бодови. Тој на лидерското место го замени Британецот Енди Мареј, кој поради повреда ги пропушти последните два турнири, Мареј сега се наоѓа на второто место.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Надал ја зпочнува својата 141 недела како лидер на АТП листата, а последен пат беше на 6 јули 2014 година.

Зад Мареј и Надал следуваат, Швајцарецот Роже Федерер и Станислас Вавринка, на петата позиција се наоѓа Новак Ѓоковиќ, а Германецот Александар Зверев сега е на шестата позиција, пред Хрватот Мартин Чилиќ. Бугаринот Григор Димитров се искачи за две место, а причина за тоа освојувањето на мастерсот во Синсинати, додека за едно место на 10 и 11 паднаа Кеи Нишикори и Милош Раониќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Родик: Алкараз е подобар од Ѓоковиќ и Надал, но има еден проблем

Познатиот тенисер Енди Родик вели дека Карлос Алкараз е подобар во овие години отколку што…