Новак Ѓоковиќ и дефинитивно ќе настапи на Индијан Велс, турнир каде што не учествуваше во претходните пет години.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Информацијата дека Ѓоковиќ ќе настапи на овој турнир е потврдена на неговиот официјален сајт, па доколку не се случи нешто неочекувано Ѓоковиќ сигурно ќе заигра на турнирот.
Индијан Велс стартува на 6-ти март, а Ѓоковиќ последен пат настапи во 2019 година, па поради тоа сигурно дека ќе има мотив и да победи. Во 2016 година последен пат ја освои титулата тука, а вкупно ги има шест.
Од тој турнир во 2016 година, кога учествувал Ѓоковиќ не стигнал подалеку од четвртата рунда.