Дома Фудбал Стигнаа провокациите од Рамос: Нема пенали за нас, само за Барселона

Стигнаа провокациите од Рамос: Нема пенали за нас, само за Барселона

Бетис синоќа успеа да слави против Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“. Ова беше трет меч во низа кој Реал не успеа да го добие на домашен терен, а по натпреварот, капитенот на „Кралевите“, Серхио Рамос беше исклучително лут поради лошиот старт на својата екипа.

Така истакна, веднаш по мечот, дека ситуацијата е алармантна, и дека Реал мора итно да почне да постигнува погодоци, а во изјавата за една шпанска ТВ имаше што да каже и за вечниот ривал, Барселона.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


„Што повеќе зборувате за судење, се е полошо“, започна Рамос, па се надоврза на фактот дека на Реал не му се досудуваат пенали во новата сезона, иако, имало според него шанси за тоа:

„Не, не сум изненаден што не ни досудуваат пенали, иако тоа го прават кога е во прашање Барселона… Мораме да ги почитуваме службените лица. Сепак, не би зборувале за тоа ако успеевме да постигнеме три погодоци. Ова е фрустрирачки старт на сезоната, но не смееме да паничиме и покрај ситуацијата на табелата“, додаде капитенот на „Кралевите“.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Атрактивната водителка за малку ќе настрадаше, ја спаси поранешен голман (ВИДЕО)

За време на снимањето на емисија пред натпреварот меѓу Локомотив и Ријека, силните налети …