Фудбалерот кој беше прогласен за МВП на овогодинешното Европското првенство за млади кариерата би можел да ја продолжи во екипата на Јувентус.
Со своите настапи во дресот на младата репрезентација на Шпанија, Дани Себалос го привлече вниманието на европските клубови и во последните денови се пишуваше за негов трансфер во Реал Мадрид, Барселона и Атлетико Мадрид, но изгледа во редот за Шпанецот застана и „старата дама“.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Според „Мундо Депортиво“ во договорот на Себалос има клазула која изнесува 15 милиони евра и Јувентус е спремен да ја активира, а веќе и стапиле во контакт со управата на Бетис.
Себалос ова лето ќе наполни 21 година, игра во средниот ред и важи за еден од најталентираните шпански фудбалери.
Во интервјуто за медиумите после поразот од Германија во финалето, најдобриот играч од Европското првенство за млади изјави дека прво сака да се одмори три недели, па потоа да зборува за тоа каде би можел да ја продолжи кариерата.