Дома Фудбал Останато Станковиќ тренерската кариера ја продолжува во Серија А?

Станковиќ тренерската кариера ја продолжува во Серија А?

Дејан Станковиќ би можел на крајот од сезоната да ја напушти Црвена Звезда.

Имено, италијанските медиуми пренесуваат дека Станковиќ бил виден во Милано каде што разговарал со претседателот на Сампдорија, Масимо Фереро.

Клаудио Раниери на крајот од сезоната ќе ја напушти Сампдорија, а Станковиќ ќе биде главен кандидат да го наследи. Србинот како играч помина 15 години во Италија настапувајќи за Лацио и Интер.

Како фудбалер освои се шот можеше да се освои во клупскат акариера. Со Лацио стана шампион во 2000 ГОДИНА, а со истиот тим два пати го освојуваше купот и Суперкупот на Италија, Купот на победниците на куповите и УЕФА Суперкупот.

Во дресот на Интер се стекна со поголема слава бидејќи беше дел од тимот кој во 2010 година освои триплета заедно со македонскиот капитен Горан Пандев.

Тренерската кариера во Звезда добро ја започна па реално е да се очекува и да замине.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Бензема објави фотографија од авион па веднаш ја избриша

Францускиот напаѓач Карим Бензема се најде во центарот на вниманието поради една објава на…