Дома Останати Тенис Српските медиуми жестоко удрија по Федерер: Срамота, го покажа вистинското лице!

Српските медиуми жестоко удрија по Федерер: Срамота, го покажа вистинското лице!

Новак Ѓоковиќ со победата над Каспер Руд (7:6, 6:3, 7:5) го освои Ролан Гарос и стигна до својот 23. грен-слем трофеј со што стана тенисерот со најмногу титули на најголемите турнири.

Ѓоковиќ сега има еден грен-слем повеќе од Рафаел Надал и три од веќе пензионираниот Роџер Федерер.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Надал само неколку минути по финалето му честиташе на Ѓоковиќ на големиот подвиг: Големи честитки за неверојатното достигнување за Новак Ѓоковиќ. 23 е број кој само до пред неколку години изгледаше далеку, дури и да се размислува за него, но ти успеа. Уживај со своето семејство и тимот“, објави Надал.

Од друга страна Федерер се уште не се огласил на друштвените мрежи и тоа ги налути српските медиуми.

„Роџер, каде си, те нема?! Федерер, Рафа го креваше до небото, на Меси му се воодушевуваше, а кога Новак стана најдобар, тој молчи“, е насловот на српски „Курир“.

Швајцарецот претходно му честиташе на Надал на освоениот Ролан Гарос, а истото го направи кога Меси стана светски шампион со Аргентина.

„На Федерер мачката му го изела јазикот! Срамота, Роџер го покажа вистинското лице!“, пишува „Информер“.

„Рафаел Надал се огласи меѓу првите, од Федерер ни трага, ни глас“, пишува „Новости“.

„Има ли Федерер образ“, прашува „Телеграф“.

Интересно е што Федерер на почетокот на годината кога Ѓоковиќ го освои Австралија Опен му честиташе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Реал тргнува по дефанзивец на Тотенхем

Реал Мадрид сака да ја засили одбраната во зимскиот преоден рок, а најново име на списокот…