Дома Фудбал Останато Средбата на Тухел и Келаифи после дебаклот од Лил: Дали Германецот му се жалеше на својот газда? (ВИДЕО)

Средбата на Тухел и Келаифи после дебаклот од Лил: Дали Германецот му се жалеше на својот газда? (ВИДЕО)

Тимот на ПСЖ за викендот го доживеа најубедливоот пораз во последните 19 години на гости против Лил (1:5) и така на кратко се одложи нивната прослава за освојување на титулата во француската Лига 1.

На почетокот на натпреварот Томас Муниер ја погоди сопствената мрежа во 7-та минута. Потоа на сцена стапи Јулијан Бернат кој во 11-тата минута погодува за изедначување, а во 36-тата минута овој играч заработи директен црвен картон.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Подоцна тој момент се покажа како одлучувачки бидејќи започна потопот на клубот од Париз.

После завршувањето на натпреварот француските камери ја снимија средбата на Томас Тухел и претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи. Тухел во еден момент го потегна Келаифи за шалот, но набрзо го пушти. „Л’Eкип“ претпоставува дека Тухел во оваа ситуација се пожалил на судењето на овој натпревар.

„Тоа е оној ист судија кој на Гуингамп му досуди три пенали против нас“, наводно Тухел му кажал на својот газда.

Германскиот стратег на прес-конференцијата после натпреварот беше исклучително лут и на новинарите им се жалелше дека во тимот немал доволно квалитетни играчи.

„Ми недостасуваат проверени играчи. Не можеш да играш сериозен фудбал со 12 или 13 играчи. Сите мислам дека е нормално Бернат да игра стопер, лево, десно во средина или десетка, но тоа не е нормално“, гласеше изјавата на Германецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дамфрис во Интер до 2028 година

Холандскиот репрезентативец Дензел Дамфрис го продолжи договорот со Интер до јуни 2028 год…