Дома Останати Ракомет Србија во драматичен натпревар славеше над Кореја, но за пласман во следната фаза потребно им е чудо

Србија во драматичен натпревар славеше над Кореја, но за пласман во следната фаза потребно им е чудо

Репрезентацијата на Србија денес ја забележа првата победа на Светското првенство во Германија и Данска.

Србија денес славеше против Кореја со два поени разлика 31:29. Клучниот момент се случи кон средината на второто полувреме кога Србите направија серија од 9:3.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Корејците им правеа огромни проблеми и имаа предност се до 45 минутата (19:22), тогаш следеше серијата во која постигнаа девет гола, а голманот на Вардар, Милосављев запиша неколку клучни одбрани.

Со оваа победа Србија стигна до три освоени бодови, еден помалку од Русија и Бразил во трката за третото место во групата А кое води во следната фаза.

За Србија да помине во следната фаза потребен им е вистинско чудо – да го победат домаќинот Германија, но и да чекаат порази на директните ривали. Франција е фаворит против Русија, додека Кореја би требало да оствари сензационална победа над Бразил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Премија од два милиони денари за ракометарите за секој триумф на ЕП

Ракометната федерација на Македонија соопшти дека, заедно со Министерството за спорт, е об…