Дома Останати Тенис Србите тврдат: Ова е моментот кога „пукна тиквата“ помеѓу Ѓоковиќ и Иванишевиќ 🎥

Србите тврдат: Ова е моментот кога „пукна тиквата“ помеѓу Ѓоковиќ и Иванишевиќ 🎥

Вчера спортската јавност беше изненадена со објавата дека Новак Ѓоковиќ ја прекинува соработката со Горан Иванишевиќ.

Иванишевиќ беше тренер на Ѓоковиќ во изминатите пет години и заедно забележаа бројни успеси. Разделбата помеѓу Ѓоковиќ и Иванишевиќ дојде по лошиот почеток на 2024 година.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Ѓоковиќ лесно загуби од Синер во полуфиналето на Австралија Опен, а потоа на Индијан Велс беше изненаден од 123. играч во светот, Лука Нарди. Во српските медиуми веќе се пишува и за моментот кога тие претпоставуваат дека се влошил односот помеѓу Новак и Горан.

Станува збор за момент на Австралија Опен кога Ѓоковиќ ги загуби првите два сета и потоа целосно го игнорираше својот стручен штаб. Во еден момент камерата го забележа и како бесно се обрати кон клупата: Не сте нормални, колку сте лоши! Ужас, сте сите!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ повторно поразен од Синер

Јаник Синер го совлада Новак Ѓоковиќ со 2-1 во сетови на турнирот во Саудиска Арабија. Сам…