Реал Мадрид вчера со погодок во финишот од натпреварот успеа да стигне до победа против Бетис од 2:1.
На овој натпревар шанса доби и скапо платениот тинејџер на Реал Мадрид Винисус Жуниор. Меѓутоа доколку се точни зборовите на Марк Бартра, Винисус Жуниор покажал срамно однесување.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Неколку пати му кажав да стане бидејќи лежеше по тревникот, а потоа покажа дека не ме почитува. Три пати ме нарече ку*кин син и ја навредуваше мојата мајка. Многу е млад и треба од своите соиграчи во Реал да научи како да се однесува“, им откри Шпанецот на новинарите.
За Винисус Реал на Фламенго плати сума од 61 милион евра со бонуси.