Дома Фудбал „Спорт“: Барселона на продажба ги ставила сите играчи освен четворица

„Спорт“: Барселона на продажба ги ставила сите играчи освен четворица

Eпскиот дебакл на Барселона против Баерн Минхен (2:8) во Лигата на шампионите и понатаму е главна тема во шпанските медиуми.

„Марка“, „Спорт“, „Мундо Депортиво“ и „АС“ ја анализираат состојбата во клубот. Најблискиот до Барселона каталонскиот „Спорт“ денес на својата насловна тврди дека Барселона на продажба ги ставила сите играчи освен четворица.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Понижувањето кое Барселона го доживеа против Баерн ќе остави длабока трага на тимот кој повеќе нема да игра во овој состав. Освен со ретки исклучови, клубот ќе ги сослуша понудите за сите свои играчи и повеќе никој не е заштитен. Единствени кои не се продажба се Тер Штеген, Меси, Ленгле и Де Јонг“.

„До овој натпревар имаше сенатори, но сега и тие можат да заминат. Тука се вклучуваат Пике, Суарез, Жорди Алба и Бускетс кој можат да заминат за адекватна понуда. За да се направи нов тим на Барса и требаат пари и затоа клубот мора да продава. Нето, Умтити, Ракитиќ, Жуниор Фирпо, Рафиња, Видал…Сите можат да заминат. Не е сигурен ниту Гризман кој дојде минатото лето. Кутињо и Дембеле исто така спаѓаат во таа категорија“, пишува „Спорт“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…