Дома Македонски спорт Спортски активности и дружба со децата со Даунов синдром

Спортски активности и дружба со децата со Даунов синдром

Сојузот на спортски федерации во соработка со Агенцијата за млади и спорт организираше дружба со децата со Даунов синдром.

Спортските активности беа дел од настанот на кој директорот на Агенцијата за млади и спорт ја искористи приликата да им додели спортска опрема на сите деца, како поддршка за се што овие спортисти прават за себе, но и за претставување на сопствената држава надвор од границите на истата.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Имено станува збор за поголема група на деца која учествува во различни спортови и тоа: пливање, фудбал, лесна атлетика и други спортски активности со кои земаат активно учество и надвор од државата, особено во земјите од Балканскиот регион.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски истакна дека ќе продолжи соработката со оваа група на спортски ентузијасти, особено кога станува збор за нивни настапи на меѓунареден план.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Вардар го совлада Охрид за „три од три“ во плејофот на Суперлигата

Ракометарите на Вардар забележаа значајна победа против тимот на Охрид во рамките на плејо…