Вчера вечер советот на општина Аеродром донесе одлука спортскиот центар во „Ново Лисиче“ да се преименува во СЦ „Марко Божиновски“ во чест на македонскиот ракометен репрезентативец кој пред шест месеци ненадејно почина на само 20 години.
Во прашање е објектот кој е популарен како „Дупка“ и каде што во минатотот, но и денес голем број кошаркарски и ракометни таленти ги прават првите чекори.Божиновски кој играше во прволигашот Бутел израсна во Аеродром, па поради тоа членовите на општинскиот совет донесоа одлука да му оддаат почит.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Божиновски почина во сон во јуни само два дена по одигрувањето на последниот натпревар за Бутел.