Дома Македонски спорт Мак фудбал Спорни пенали, голови од офсајд, исклучување струја…Што се случува со судењето во македонскиот фудбал!?

Спорни пенали, голови од офсајд, исклучување струја…Што се случува со судењето во македонскиот фудбал!?

Во македонскиот фудбал се повеќе се зборува за судењето отколку за играта на теренот и тоа секако не е добро. Скоро и да нема коло во кое некој тим или почесто тимови не се жалат на судиските одлуки.

Во ова коло жалби имаше од Работнички и Вардар, а видовме спорна ситуација и на натпреварот помеѓу Македонија Ѓорче Петров и Вардар, а од втората лига реакција имаше од Охриѓани за нивниот меч со Кораб. На сето тоа дури видовме и една бизарна ситуација во Кратово која наликува на ситуација од селска лига.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Некој на натпреварот помеѓу Силекс и Работнички ја исклучил струјата па немаше прилика да се види спорниот гол во последните минути на домаќинот.

„ФК Работнички е драстично оштетен на натпреварот против Силекс во Кратово (4-3). Клубот реагира на нерегуларно постигнатиот победнички гол на домашниот тим. При акцијата на голот што го постигна Бурхан Мустафов, топката претходно е излезена во гол – аут, од каде еден фудбалер на Силекс со глава ја враќа во игра и потоа Мустафов постигнува нерегуларен погодок.

Скандалот е уште поголем ако се знае дека последните две минути од мечот, нема интернет пренос во живо на веб сајтот на ФФМ, затоа што одеднаш снемало електрична енергија во сегментот каде се поставени телевизиските камери“, гласи делот од соопштението на Рабонтички кој се однесува на тој момент.

(фото: ФК Работнички)

Покрај тоа од Работнички тврдат дека се оштетени и во други делови.

“Првиот досуден пенал за ФК Силекс во 28.минута е крајно сомнителен, со оглед дека ниеден фудбалер на ФК Работнички нема старт кон противничкиот фудбалер. Судијата Васко Мавров покажува на белата точка.

На вториот досуден пенал за ФК Силекс, во 78.минута, претходи класичен прекршок над фудбалер на ФК Работнички кој судијата Васко Мавров не го санкционира. Во продолжението на акцијата тој досуди пенал за домашниот тим“

Александар Васоски силно загрме за одлуките на штета на Вардар против Шкендија.

“Гол на Шкендија од офсајд, недосудени пенали за ФК Вардар. Директно сме оштетени! Што треба да направиме за да ни се досуди пенал?“.

Освен тоа тој додаде и дека судењеото во ПМФЛ никогаш не било полошо.

СПОРНИТЕ СИТУАЦИИ ОД МЕЧОТ ВАРДАР – ШКЕНДИЈА

Спорен беше и моментотот од натпреварот Македонија Ѓорче Петров – Борец кога голманот на Македонија Ѓочре Петров, Христијан Стевсковски одбрани пенал, па тој беше повторен. Судиите сметаа дека тој прерано ја напуштил гол линијата, но на повторената снимка може да се види дека не е така.

Како што споменавме ГФК Охрид Лихнидос од втората лига се жалаше на судењето во нивниот натпревар против Кораб.

“Судењето во текот на целиот натпревар беше тенденциозно и на ниво кое не доликува на Општинска лига, а камо ли на второлигашки натпревар. Во воведните 20-тина минути секој најмал контакт во опасната зона беше досуден во корист на домаќините, кои добија околу десеттина прилики да го загрозат нашиот гол. Откако тоа не вроди со плод и нашата екипа го издржа притисокот, во моментите кога почнавме да се надигруваме со противникот, повторно на сцена стапи Таири. После изведен корнер од наша страна судијата не досуди очигледно играње со рака во просторот од 16 метри. Во неколку последователни акции наместо фаул за нас, тој досуди контра-фаул. Откако нашата екипа ја презеде иницијатаивата по почетниот притисок и контроверзното судење не вроди со плод, Таири после една нафрлена топка и никаков контакт врз противничкиот играч (што јасно може да се види од видеото кое кружи по социјалните мрежи акко и снимката од натпреварот кога истата ќе биде достапна на сајтот на ФФМ) досуди скандалозен пенал. Нашите фудбалери негодуваа, но попусто бидејќи Таири (веројатно) ја исполни целта.Вреди да се напомене дека во првиот дел Таири пропушти прилика да ја опомени клупата на Кораб која бурно реагираше на неколку наврати после и онака малкуте судиски одлуки во наша корист. Таири ја премолче реакцијата и продолжи понатаму.Во второто полувреме Таири продолжи таму каде што застана. Овој пат помош имаше од вториот помошник Изеири Вјолца. Откако нашата екипа ја презеде целосно иницијативата и почна да креира шанси на противничката половина, вториот помошник започна со констатно сигнализирање на офсајд ситуации и прекршоци. Во најмла рака беа досудени три-четири ситуации во кои нашите офанзивци се 2-3 метри пред последниот одбранбен играч. Излишно е да се напомене дека Таири продолжи со својот критериум на судење на секој контакт во корист на домаќинот. На крај, после 3 измени, пет лекарски интервенции и најмалку десетина „лежење по терен“ , Таири натпреварот го продолжи 3 минути во кои имаше уште една докторска интервенција поради повреден фудбалер на Кораб, а за тоа не надополни ништо, туку свирна крај точно во 93-та минута“, гласи делот за спорните моменти во нивното соопштение.

Пеналот за кој навистина имаат право да се жалат можете да го видите на нивната Фејсбук страна – тука.

И сето ова се ситуации само од овој викенд, ако се навратиме наназад ќе видиме дека оштетувани се и едни и други, дефинитивно судењето во овој период во македонскиот фудбал не е на потребното ниво.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Малку недостасувало за трагедија: Бендтнер нападнат со нож на улица во Њујорк! 🎥

Поранешниот дански фудбалер Никлас Бендтнер бил нападнат со нож на улиците во Њујорк. Инци…