Дома Фудбал Италија Спинацола опериран: Благодарам за поддршката, се гледаме наскоро

Спинацола опериран: Благодарам за поддршката, се гледаме наскоро

Репрезентативецот на Италија, Леонардо Спинацола беше еден од најдобрите играчи кај „Аѕурите“ на ова Европско првенство, но во дуелот со Белгија заработи тешка повреда.

Спинацола ја повреди Ахиловата тетива и веднаш мораше да оди на операција. Од екипата на Рома соопштија дека Спинацола се оперирал во Турку и се поминало во најдобар ред, сега пред фудбалерот е период на рехабилитација.

Фудбалерот се заблагодари на фановите за огромната поддршка која ја добива.

„Благодарен сум на поддршката. Добив голем број пораки, сакам да ви порачам дека се чувстуввам одлично. Се гледаме наскоро“, порача Спинацола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Баерн Минхен го разгледува Ник Попе како замена за Нојер

Баерн Минхен размислува за ангажман на голманот на Њукасл Јунајтед, Ник Попе, како дел од …