Фудбалерите на Баерн се вратија на врвот во Бундеслигата, по драматичното дерби против Ајнтрахт во Франкфурт.
Баерн поведе преку Ким во 15. минута. Но, Ајнтрахт брзо се врати во игра. Во 22. минута Кнауф го пронајде Мармуш, кој беше прецизен и погоди за 1:1, израмнување во Франкфурт.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во 35. минута Ектике погоди за водство на Ајнтрахт од 2:1. До крајот на првото полувреме, во 38. минута Упамекано погоди за израмнување на 2:2.
Баерн повторно поведе со 3:2 во 53. минута, прецизен беше Олисе. Сепак, Баварците останаа без полн плен бидејќи Мармуш погоди во 94-та за конечни 3:3 и поделба на бодовите во Франкфурт.