Најелитното клубско фудбалско натпреварување на светот после три месеци пауза конечно се враќа со вечерашните натпревари од првото коло во групната фаза.
УЕФА оваа сезона воведе неколку нови правила во ЛШ, а најголемата промена е термините за одигрување на натпреварите, од 19 часот и 21 часот. Новата сезона вечерва започнува со натпреварите во Барселона и Милано, каде Барса ќе го пречека ПСВ, односно Интер екипата на Тотенхем.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, очите на јавноста се вперени во натпреварите кои се играат од 21 часот, а во центарот на вниманието се наоѓа дуелот Ливерпул-ПСЖ. Јасно е дека на Енфилд не очекува спектакуларен натпревар, а подобар почеток на новата сезона не можевме да сонуваме.
Лига на шампиони оваа сезона, барем во групната фаза, со доста внимание ќе се следи во нашата соседна земја Србија бидејќи Црвена Звезда после 30 години се врати во ова натпреварување. Пред Звезда е доста тешка група, а секој бод кој ќе го освои ќе биде чудо. Београдскиот тим својот пат во ЛШ го започнува вечерва на Маракана против екипата на Наполи.
Лига на шампиони, 1. коло:
Барселона – ПСВ
Интер Тотенхем
Бриж – Борусија Дортмунд
Црвена Звезда – Наполи
Галатасарај – Локомотив
Ливерпул – ПСЖ
Монако – Атлетико Мадрид
Шалке – Порто