Дома Фудбал Италија Спалети пред продолжување на договорот со Наполи

Спалети пред продолжување на договорот со Наполи

Иако заостанува зад лидерот Интер, Наполи игра добро и оваа сезона во Серија А каде што на втората позиција има четири бода помалку.

Во Лига Европа групната фаза ја завршија на втората позиција и продолжија во нокаут фазата, а големи заслуги за тоа има тренерот Лучијано Спалети. Италијанска „Република“ пренесува дека Аурелио Де Лаурентис одлучил да ја продолжи соработката со италијанскиот стратег и преговорите се веќе започнати.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Примарната цел на Наполи е пласман во Лигата на шампионите, меѓутоа „Република“ наведува дека преговорите нема да зависат од исполнување на таа цел.

Според најавите новиот договор на Спалети би требало да има важност до 2024 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

ФИФА на познат клуб му забрани трансфери на играчи до следната година

Бразилците сега најавуваат дека ќе се обидат што побрзо да постигнат договор со Американци…