Дома Топ вести Со новиот договор тој е најскапиот голман во Премиер лигата

Со новиот договор тој е најскапиот голман во Премиер лигата

Премиерлигашот Евертон во името на Џордан Пикфорд пронајде долгорочно решение на голманската позиција. За овој голман Евертон на Сандерленд му плати 25 милиони фунти (28 милиони евра).

Пикфорд е најталентираниот англиски голман, а во изминатата сезона во која Сандерленд испадна од Премиер лигата, беше едно од ретките „светли точки“ во вој тим.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Евертон со голманот потпиша петгодишен договор и тој е првото засилување за тимот на Роналд Куман во пресрет на новата сезона.

Следното засилување за Евертон би требало да биде напаѓачот Мбаје Нијанг кој е играч на Милан, но минатата сезона ја мина во Вотфорд. За Нијанг „карамелите“ понудила 18 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…