Дома Останати Кошарка Со минимална победа Карпош Соколи подобри на гости кај Кожуф

Со минимална победа Карпош Соколи подобри на гости кај Кожуф

Кошаркарите на Карпош Соколи го совладаа Кожув во последниот натпревар од 5.коло на македонската Супер лига.

Во докрај неизвесниот натпревар одиграна вечерва во Гевгелија, гостите во Скопје победија со 79:77.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Кендрик Пери и Драган Лабовиќ постигнаа по 17, Доминик Мавра 16 поени во победничката екипа.

Кај тимот на Кожув, воедно и на натпреварот, најефикасен беше Миливоје Мијовиќ со 23 поени, дедека Американецот, Кенион Мек Нил постигна 17.

На двете средби кои се одиграа порано, шампионот, МЗТ Скопје Ааеродром потешко од очекуваното го совлада Куманово со 81-76, додека Работнички беше убедлив против Фени Индустри со 84-69.

Табела: МЗТ Скопје Аеродром 10 бода, Карпош Соколи 9, Работнички 8, Кожув 6, Куманово 6, Фени Индустри 6.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Проблем за Лејкерс: Дончиќ мора да паузира

Лука Дончиќ нема да биде дел од составот на Лос Анџелес Лејкерс за натпреварот против Фини…