Дома Фудбал Англија Со голот против Њукасл, Марсијал го „олесни“ Манчестер Јунајтед за осум милиони евра

Со голот против Њукасл, Марсијал го „олесни“ Манчестер Јунајтед за осум милиони евра

Манчестер Јунајтед изминатиот викенд со многу проблеми славеше побед над Њукасл на „Олд Трафорд“ со резултат 3:2.

Њукасл на овој натпревар имаше предност од 0:2, но на крајот „црвените ѓаволи“ успеаа да стигнат до победа, а еден од головите беше дела на Ентони Марсијал.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Меѓутоа неговиот гол беше причина за Јунајтед да плати осум милиони евра на француски Монако, поранешниот клуб на Марсијал.

Зошто е така? Сосема е јасно. Марсијал во 2015 година стигна на „Театарот на соништата“ , а со дополнителните бонуси вредноста на трансферот е 80 милиони евра.

Еден дел од бонусите беше активиран со голот против Њукасл. Во договорот стои дека Марсијал за Јунајтед треба да постигне 25 погодоци за на сметката на Монако да „легнат“ дополнителни осум милиони.

Во договорот е и еден во овој момент нереален бонус. Тоа е освојувањето на „Златната топка“, во тој случај Монако би добил уште осум милиони евра, а сметката на Монако ќе биде побогата за уште толку кога овој фудбалер ќе стигне до 25 настапи за репрезентацијата на Франција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Палмер прави чуда, четири гола за 20 минути

Челзи и Брајтон играат фантастичен меч и во првото полувреме беа видени дури 6 погодици (4…