Дома Фудбал Останато Сосиедад се спаси во последните минути, Елмас доби 15 минути

Сосиедад се спаси во последните минути, Елмас доби 15 минути

Наполи и Реал Сосиедад денес во последното коло од групната фаза од Лига Европа ремизираа 1:1, овој резултат им одговараше и на двете екипи па така и Наполи и Реал Сосиедад обезбедија европска пролет.

До водство Наполи дојде во 35. Минута преку Пјотр Зјелински. Полскиот фудбалер постигна прекрасен гол со удар далечина. Елмас од Гатузо доби 15-тина минути, во игра влезе во 74. Минута. До бод кој му обезбеди место во 1/16 финалето Сосиедад стигна во судиското продолжение преу Вилијам Жозе.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Во вториот меч од оваа група Ријка го победи АЗ Алкмар со 2:1. Дарко Велковски остана на клупата за резерви кај хрватскиот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ФФМ не по поразот не ја заборави „Фалангата“!

Раководството на Фудбалска федерација на Македонија упати јавна благодарност до македонски…