Дома Фудбал Останато Сосетката на Роналдо: Неговите деца живеат во „златен кафез“

Сосетката на Роналдо: Неговите деца живеат во „златен кафез“

 Сосетката на Роналдо во Торино, Елисабет Бети Борел која е ќерка на славниот италијански фудбалер Фелис Борел кој го носел дресот на Јувентус зборуваше за Кристиано Роналдо и неговите деца.

Таа истакна дека пресреќна што има сосед како Роналдо.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Ми беше страв дека ќе дојде некој кој ќе прави забави со гласна музика, но Кристиано и неговото семејство се соседи какви што секој би посакал. Целосна тишина, нема никаква врева. Мојот татко исто така беше познат фудбалер, но во едно друго време. Тој возеше Фиат, а Кристиано денес го гледам во Ролс Ројс. Едвај и да го гледам затоа што има затемнети стакла. Неговата гаража е полна со скапоцени автомобили. Има прекрасен базен на кровот, како и неверојатно добро украсена градина“.

„Јас и покрај тоа што бев ќерка на познат фудбалер живеев како и сите други, децата на Роналдо живеат поинаку. Често го гледам Кристиано Јуниор како вози скејборд. Иако во тој дел постои рампа и обезбедување и не може така лесно да се влезе, сепак покрај детето секогаш има лично обезбедување, исто то се случува и со Георгина кога сака како секоја мајка да прошета на убавото време со децата. Улицата и да биде празна покрај неа ќе има лично обезбедување од неколку луѓе“.

„Тие живеат во нешто како „златен кафез“. Јас имам четири деца, во квартот има и други деца на негова возраст, но тоа дете го гледам секогаш само“, изјави Елизабет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Вечерва Лига на шампиони: Дербито се игра во Минхен помеѓу Баерн и ПСЖ

Вечерва на програмата се девет натпревари од 5. коло во Лигата на шампионите. Предвидени с…