Дома Фудбал Италија Сосема неочекувано – поранешниот тренер на Интер го презема Милан

Сосема неочекувано – поранешниот тренер на Интер го презема Милан

Тимот на Милан не бележи резултати какви што се очекуваше пред стартот на сезоната, поради што местото на Виченцо Монтела како стратег воопшто не е сигурно и во многу краток рок би можело да дојде до промена.

Како што пренесуваат дел од медиумите во Италија, на местото на Монтела во Милан би можел да пристигне Валтер Мацари, кој во минатото беше тренер на Интер.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Мацари покрај Интер, во Италија го предводеше и тимот на Наполи, со кој бележеше одлични резултати. Покрај него, во игра за тренерското столче на Милан се споменува и Пауло Соуса.

Едно е јасно, доколку во следниот период Монтела не направи чудо и Милан не обезбеди неколку победи во серија, тогаш ќе следува промена на тренерската позиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Видете го мајсторскиот гол на Чалханоглу🎥

Интер на полувремето има водство од 1:0 против Црвена Звезда во Лигата на шампиони. Голот …