Дома Фудбал Англија Сон: Јас постигнав четири гола ама Кејн беше неверојатен

Сон: Јас постигнав четири гола ама Кејн беше неверојатен

Toтенхем вчера на гости го победи Саутемптон со високи 2:5.

Сон Хеунг-Мин постигна четири гола и така стана 28 играч во историјата на Премиер лигата на кого му успеало во еден натпревар да стигне до „покер“.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Фудбалерот од Јужна Кореја е познат како скромен, понизен и дисциплиниран. Тоа го докажа и со изјавата по овој натпревар. Иако постигна четири гола тој не сакаше да ја собере славата само за себе.

„Неверојатно е да се постигнат четири гола во натпревар од Премиер лигата. За мене е голема чест. Не би ги постигнал головите да не беше Кејн. Тој е неверојатен. Ми асистираше четири пати и ја заслужува наградата за играч на натпреварот. Работиме заедно пет сезони“, порача Сон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ние сме многу разочарани, но Сити повторно ќе биде најдобар

Новиот капитен на Манчестер Сити, Бернардо Силва, е разочаран поради елиминацијата од Клуп…