Дома Фудбал Англија Солскјер има полни раце работа: Кристал Палас го шокираше Јунајтед средe „Олд Трафорд“ (ВИДЕО)

Солскјер има полни раце работа: Кристал Палас го шокираше Јунајтед средe „Олд Трафорд“ (ВИДЕО)

0

Манчестер Јунајтед и Кристал Палас во терминот од 16:00 часот го одиграа својот натпревар од третото коло и во него видовме изненадување – победи Кристал Палас.

Јунајтед добро започна и создаваше прилики пред голот на гостите, меѓутоа недостасуваше реализацијата, па казната стигна во 32-та минута кога Ајев погоди за 0:1.

Тоа беше единствениот гол во првото полувреме

Во 69-тата минута Манчестер Јунајтед доби прилика од пенал да стигне до изедначување, но најсторгата казна не ја реализираше Маркус Рашфорд.

Вистинска драма гледавме во финишот.

Даниел Џејмс прво со мајсторски гол донесе изедначување. Тогаш се очекуваше Јунајтед да тргне по сите три бода, но се случи токму спротивното. Во 93-тата минута Ван Ахолт постигна гол во 93-тата заголема победа на Кристал Палас.

Очигледно Солскјер ќе има работа и оваа сезона.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Македонскиот херој е играч на денот на Европското првенство!

Вчера Македонија ја запиша првата историска победа на едно Европско првенство ракомет, а к…