Менаџерот на Манчестер јунајтед откри дека добил лично извинување од сопствениците на клубот, семејството Глејзер.
Солскјер воедно ги повика навивачите на Јунајтед денес да бидат „поцивилизирани“ во протестите против сопственикот на клубот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Фановите на „црвените ѓаволи“ изминатиот викенд упаднаа на „Олд Трафорд“ и не дозволија да се одигра големото дерби против Ливерпул.
„Редовно комуницирам со сопствениците и од нив добив лично извинување. Сите сфатија дека тоа што го направија беше погрешно. Не е потребно да бидете физичар за да сфатите дека ситуацијата е многу тешка и дека мораме да се избориме со неа“.
„Тешко е и за мене, морам да бидам фокусиран на фудбалот, но во исто време да имам добар однос со сите, а пред се сопствениците. Тие често ме слушаат што зборувам, а исто така слушаат што зборуваат и навивачите и сигурен сум дека наскоро ќе разговараат и со нив“, изјави Солскјер.