Дома Фудбал Англија Солскјер: Нема да бидеме задоволни со второто место

Солскјер: Нема да бидеме задоволни со второто место

Mенаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер истакна дека неговиот тим нема да се откаже од борбата за титулата оваа сезона.

Јунајтед вчера киксираше и одигра само 1:1 против претпоследниот тим на табелата ВБА. Клубот од „Олд Трафорд“ во овој момент е втор на табелата со седум бодови помалку од лидерот Манчестер Сити кој има и натпревар помалку.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Кажав и претходно дека не треба да се зборува за титулата. Сезоната е непредвидлива, многу работи можат да се променат. Секако дека ние нема да бидеме со второто место“.

„Момците заслужуваат комплименти затоа што дојдовме до оваа позиција. Ние сме тимот кој е најблиску до Сити и треба да го предизвикаме. Нема да дозволиме да поминат лесно, но мораме да победуваме“, изјави Солскјер.

Манчестер Јунајтед на последните четири натпревари запиша три нерешени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Феде Валверде објасни за испадот на гнев при замената

Федерико Валверде одигра многу силен натпревар во победата на Реал Мадрид против Реал Соси…