Дома Фудбал Англија Солскјер и Клоп за новите правила: Не, ова не е фудбал

Солскјер и Клоп за новите правила: Не, ова не е фудбал

Манчестер Јунајтед во 2. коло од Премиер лигата одигра 1:1 со Саутемптон, а после натпреварот во Јунајтед беа разочарани поради судењето.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Менаџерот на Јунајтед, Солскјер тврди дека неговиот тим е оштетен при голот на Саутемптон бидејќи верува дека голот е постигнат после прекршок врз Фернандеш.

„Да, требаше подобро да реагираме. Да, требаше Фред да го блокира ударот. Меѓутоа и судијата требаше да досуди прекршок. Тоа беше чист прекршок.“ – рече Солскјер.,

Пред почетокот на сезоната беше одлучено судиите ќе дозволуваат погруба игра и нема да гледаат офсајд во милиметри. До таквите промени дојде бидејќи минатата сезона се судеше и најмал контакт помеѓу играчите и голем број погодоци беа поништени поради неколку милиметри.

„НЕверојатно. Фудбалот оди од една крајност во друга. Не може претходната сезона да се суди како да играме кошарка, а оваа сезона нашиот спорт да изгледа како рагби. И јас сакам груба, машка игра, но кога е прекршок, тогаш е прекршок.“ – додаде Солскјер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дефанзивецот го напушта Ливерпул, голем ривал веднаш испрати понуда!

Францускиот дефанзивец Ибрахима Конате ќе го напушти Ливерпул по пет години поминати на Ен…