Дома Фудбал Англија Случај „наследник на Венгер“: Уште еден кандидат помалку

Случај „наследник на Венгер“: Уште еден кандидат помалку

И понатаму е големо прашање кој би можел да го наследи Арсен Венгер во Арсенал.

Арсенал е во потрага по потенцијален наследник на Венгер кој неодамна објави дека си заминува на крајот од сезоната.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Неколку имиња се опција, а најголеми шанси во овој момент им се даваат на Патрик Виера и Микел Артета.

Се пишуваше и за Брендан Роџерс кој своевремено го водеше Ливерпул и малку недостасуваше да ја освои шампионската титула во сезоната 2013/2014, но сега кога е Роџерс во прашање, нема дилеми.

„Многу сум среќен тука во Селтик, ја работам работата која ја сакам, а ова е голем клуб со големи очекувања. Би сакал еден ден да се вратам во Премиер лигата, но сега тука имам поддршка и како што кажав среќен сум и не размислувам за заминување“.

„Имам почит кон Арсенал, учев од Венгер. Сепак, ова е најдолгата листа која во животот сум ја видел“, изјави Роџерс за листата потенцијални наследници на Венгер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …