Славниот француски кошаркар, Николас Батум повеќе нема да игра за репрезентацијата на Франција.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
По завршувањето на Олимписките игри каде што во финалето „триколорите“ беа поразени од САД со 98:87, Батум одлучи да се повлече.
„Време е да се каже крај. Овој дрес го носев 15 години, четири пати бев на Олимписки игри, четири пати играв на светските и европските првенство. Направив се што треба, освоив и седум медали“, пресреќен сум.
Крајот на репрезентативната кариера на Батум не значи и крај на клупската каде што Французинт ќе продолжи да игра во дресот на НБА тимот Лос Анџелес Клиперс.