Дома Фудбал Лига на шампиони Скриниар: Покажавме дека можеме да бидеме на нивото на Ливерпул

Скриниар: Покажавме дека можеме да бидеме на нивото на Ливерпул

Интер синоќа загуби од Ливерпул на домашен терен (0:2) во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампиони.

Дефанзивецот на „нероаѕурите“, Милан Скриниар истакна дека Интер не заслужил таков пораз и покажал дека може да биде на нивото на Ливерпул.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Во Лигата на шампиони одлучуваат детали. Создадовме многу шанси, но не ги реализиравме. Доминиравме во некои аспекти, но не го искористивме тоа. Кога нема да ги искористиш шансите, вакви тимови веднаш те казнуваат“.

„Но јас сум задоволен од нашиот тим бидејќи покажавме дека можеме да играме на нивото на Ливерпул. Ќе се обидеме да направиме пресврт на гостувањето, но знаеме дека тоа ќе биде многу тешко“, изјави Скриниар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Голема трагедија: Почина ќерката на поранешен фудбалер на Шкупи

Поранешниот македонски шампион Шкупи објави дека се случила трагедија во семејството на ни…