Дома Фудбал Сколс го избра најпаметниот играч на светот: Никој не ја контролира играта како него

Сколс го избра најпаметниот играч на светот: Никој не ја контролира играта како него

Пол Сколс (49) е еден од најголемите играчи од средниот ред во историјата на Премиер лигата, а многумина би рекле и во фудбалот воопшто.

Легендарниот Англичанец целата своја играчка кариера ја мина во Манчестер Јунајтед, за кој забележа 499 настапи и постигна 107 голови. Тој е во пензија од 2013 година, а моментално работи како стручен коментатор на ТНТ Спортс.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Сколс ги коментираше натпреварите во Лигата на шампионите оваа недела, а на социјалните мрежи вирална стана една изјава што ја даде пред натпреварот помеѓу Реал и Баерн на „Сантијаго Бернабеу“.

Имено, во најавата за натпреварот, Сколс го издвои Тони Крос како „најпаметниот фудбалер на светот“.

„Тони Крос е неверојатен. Го гледав натпреварот на ПСЖ против Борусија Дортмунд. Им недостасуваше Тони Крос. Никој не ја контролира и диктира играта како тој. Тој ги има сите вештини потребни за тоа. Тој ќе биде клучен играч вечерва. Тој е креаторот на разликата, Тухел мора да најде начин да го спречи. Нема да му биде лесно, Крос е најпаметниот играч за врска во светот“, изјави пред натпреварот Сколс.

И навистина, Крос одигра одлична партија. Само Хоселу, стрелецот на два гола вредни за пласман во финалето, доби повисок рејтинг од германскиот играч за врска. Според Sofascore, Хоселу заработил 9,0, а Крос 7,9.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кандидат за претседател на Барселона вети дека ќе го купи Хари Кејн

На 15 март, членовите на Барселона ќе излезат на гласање за избор на нов претседател на кл…