Дома Фудбал Репрезентации „Скај Спорт“: Манчини одлучил – Киелини не стартува вечерва

„Скај Спорт“: Манчини одлучил – Киелини не стартува вечерва

Иако се најавуваше сепак Џорџо Киелини отпаѓа од составот на Италија за вечерашниот натпревар против Македонија, а тоа значи дека „Аѕурите“ ќе го стартуваат натпреварот со комплетно нова дефанзива.

Според „Скај Спорт“ Манчини одлучил Киелини да остане на клупата, Бонучи не е во комбинација, па тоа значи дека тандемот стопери вечерва против Македонија ќе биде составен од Џанлука Манчини и Алесандро Бастони.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Од претходно се познати и промените по бековските позиции, Флоренци е замената за повредениот Ди Лоренцо, додека Палмери ќе игра на местото на Спинацола кој е во „аут“ уште од Европското првенство.

Кога е средниот ред и офанзивата таму не би требало да има промени во однос на она што Италија го играше на Европското првенство (Жоржињо, Барела, Верати – Берарди, Имобиле, Инсиње).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Фудбалер на Леверкузен даде гол со спектакуларен „шкорпион“! (Видео)

Французинот Мартин Терие во денешнатаа победа на Леверкузен од 2-0 против Келн го посигна …