Дома Топ вести „Скај Спорт“: Буфон за неколку дена потпишува со ПСЖ!

„Скај Спорт“: Буфон за неколку дена потпишува со ПСЖ!

Поранешниот голман на Јувентус, Џанлуиџи Буфон конечно и официјално ќе стане играч на Пари Сен Жермен во наредните неколку денови, пренесува „Скај Спорт“, повикувајќи се на извори од Италија.

Легендарниот 40 годишен голман го напушти Јувентус после цели 17 години поминати во Торино и веќе подолг период се очекува неговиот потпис со тимот на Томас Тухел.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Во меѓувреме се појавија и информации дека неговиот трансфер би можел да пропадне, но денес реномираниот медиум убедува дека нема никакви пречки и Буфон во наредните неколку дена ќе стане нов играч на ПСЖ.

Условите остануваат исти како претходно најавените. Договор на две години со плата од осум милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Уште еден голмански кикс во ПМФЛ – не се прослави поранешниот младински репрезентативец! (Видео)

Денешната фудбалска програма во Македонија беше отворена со еден голем кикс на голманот на…