Дома Фудбал Скандал: Севиља се закани дека нема да игра против Барселона!

Скандал: Севиља се закани дека нема да игра против Барселона!

sevilla barcelona

Натпреварот од шпанскиот Суперкуп се игра вечерва од 22 часот, а тимот на Севиља испрати закани дека нема да се појави!

Доцна вчера вечер, на 24 часа пред почетокот на натпреварот Шпанскиот фудбалски сојуз објави дека нема рестрикции за играчите кои се надвор од ЕУ бидејќи „Суперкупот не е професионален натпревар“ и со тоа предизвика големо незадоволство.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Во Суперкупот се игра еден натпревар, а од Севиља се заканија со бојкот доколку Барса има повеќе од три играчи со пасоши надвор од ЕУ во записникот.

„Ние во Севиља сме изненадени од шпанскиот фудбалски сојуз со нивниот став на само 24 часа пред почетокот на натпреварот. Според нив може да се пријават колку што тимот сака „не-ЕУ“ играчи. Но. во последното официјално соопштение поврзано за сезоната 2018/2019 јасно стои до знаење дека дозволено е да се има само три играчи со пасоши надвор од ЕУ. Без исклучоци“, порачаа од Севиља.

Сепак, тешко е да се поверува дека тимот од Андалузија нема да се појави на вечерашниот натпревар.

Играчите на Барса кои немаат ЕУ пасош се Видал, Малком, Артур и Марлон. Кутињо доби португалски преку неговата сопруга, а Суарез и Меси веќе имаат ЕУ државјанство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Саудијците сакале да купат уште еден европски гигант

Саудискиот инвестицски фонд од Саудиска Арабија се обидел да го купи Атлетико Мадрид, но к…