Дома Фудбал Италија СКАНДАЛ: Раниери обвини дека дуелот Интер – Лацио од 2010 бил наместен!

СКАНДАЛ: Раниери обвини дека дуелот Интер – Лацио од 2010 бил наместен!

Тренерот на Рома Клаудио Раниери, предизвика „бура“ на Апенините со својата изјава дека дуелот помеѓу Интер и Лацио од 2010 година бил наместен.

Тренерот на Рома беше испровоциран со прашањето од новинарот дали може да се очекува Лацио да ја пушти Аталанта, кој е директен конкурент на „волчицата“ за пласман во ЛШ.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Тоа се случи во 2010 година со Интер, кога Лацио му го олесни патот кон титулата на „нероаѕурите“. Јас секогаш сум бил фер и тоа ми е најважно“, изјави Раниери и крена голема прашина на Апенините.

Веднаш се јавил јавниот обвинител на Фудбалскиот сојуз на Италија Џузепе Пекорао кој побарал снимка од прес-конференцијата, и веднаш да покрене истрага.

Дуелот заврши 1:0 во корист на Интер, кој се бореше за Скудетото таа година со Рома на чие кормило седеше токму Раниери.

На ваквите обвинувања на Раниери веднаш реагираше и Лацио, кој веднаш ги повика надлежните да реагираат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул може да добие засилување од 50 милиони евра!

Младиот дефанзивец на белгискиот Клуб Бриж, 21-годишниот Џоел Ордоњез, според пишувањата н…