Претседателот на МОК, Даниел Димевски се најде во центарот на вниманието на скандалот од Третата кошаркарска лига помеѓу Водњански Лисици и Бутел Скопје.
Средбата заврши со победа на домаќините кои постигнаа кош во последните моменти. Судијата ги призна поените на Водњански лици, но потоа се консултираше со помошникот. За тоа време Димевски се симна од трибините и дојде кај делегатот да објаснува дека кошот бил регуларен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Без никакви проблеми тој помина покрај обезбедувањето и си даде за право да реагира иако функцијата не му дозволува. Освен што е претседател на МОК, неговиот син настапува за Водњански лисици.
Постапката на Димевски изгледа смирена, меѓутоа потоа настанува хаос на теренот прво од страна на гостистите, па сите останати.