Дома Фудбал Останато Скандал: Поранешниот хрватски репрезентативец мора во затвор

Скандал: Поранешниот хрватски репрезентативец мора во затвор

Поранешниот фудбалски репрезентативец на Србија, Бошко Балабан (45) како што стојат работите ќе заврши зад решетки.

Според информациите на хрватските и белгиските медиуми, Балабан одбил да плати 80.000 евра алиментација во изминатите шест години по разводот од сопругата Иве Радиќ. Поради тоа на екс-напаѓачот на Ријека, Динамо и уште неколку клубови може да заврши во затвор.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Одлуката на судот е Балабан да биде една година зад решетки, а казната ќе му стапи на сила од јануари следната година.

Балабан кој има српско потекло дресот на репрезентацијата на Хрватска го носеше на 35 натпревари и постигна десет голови. Беше учесник на Европското првенство во Португалија во 2004 година и Мундијалот во Германија 2006 година. Покрај Ријека и Динамо играше уште за Астон Вила, Бриж, Паниониос и Селангор од Малезија каде што ја заврши кариерата.

Во последните огдини работеше како фудбалски менаџер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Еден од македонските олимпијци паднал на допинг!

Македонскиот олимписки комитет вчера на прес-конференција ги соопшти имињата на спортистит…