Дома Луд Спорт Скандал: Полицијата по грешка како криминалец апсеше фудбалер на Милан 🎥

Скандал: Полицијата по грешка како криминалец апсеше фудбалер на Милан 🎥

Италијанската полиција по грешка го приведе фудбалерот на Милан Тимуе Бакајоко и го третираше како најголем криминалец.

По грешка, неколку полицајци со вперени пиштоли на сред улица го апсеа и претресуваа Бакајоко, мислејќи дека станува збор за криминалец.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Прво го „извадија“ од автомобилот а потоа и го претресуваа. Сцената изгледала како од акционен филм, додека францускиот фудбалер зачудено гледал што му се случува, но постапил според наредбите што ги добивал од полицајците.

Полицајците набрзо сфатија дека погрешиле и дека запреле лице со друг идентитет и му се извиниле на фудбалерот на Милан.

Меѓутоа, целата ситуација беше снимена од други учесници во сообраќајот, па снимката стана вирална на интернет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Уште еден голмански кикс во ПМФЛ – не се прослави поранешниот младински репрезентативец! (Видео)

Денешната фудбалска програма во Македонија беше отворена со еден голем кикс на голманот на…